Полицијата во Косово уапси 25 лица во повеќе градови под сомнение дека учествувале во нелегална продажба, производство и размена на оружје, соопшти денеска полицијата.
Акцијата ја водел Полицискиот директорат за организиран криминал, а беа уапсени лица од Приштина, Гњилане, Феризај и јужниот дел на Косовска Митровица, пренесе Коха.
Како што се наведува, тоа е продолжение на акцијата започната во 2020 година.
„Од 25 уапсени, треба да се спомене дека 12 од нив беа уапсени во 2020 година, а рано утрово беа уапсени уште 13 лица, од кои седум беа приведени, а шест беа ослободени да се бранат од слобода“, се вели во соопштението.