52-годишната Луси Лиу е во подобра форма од кога било, а според неа, се чини дека тоа може да се должи на фактот дека пронашла начини на јадење и вежбање што и овозможуваат да има доволно енергија за сите дневни предизвици.
Во новото интервју за Women’s Health, Лиу откри за што точно станува збор.
1. Ја напуштила веганската диета
Лиу следела веганска диета скоро една година пред да стане вегетаријанец во декември 2020 година. Таа вели дека конзумирањето претежно оброци од растително потекло и помага да одржува висока енергија и да ги намали проблемите со надуеност.
2. Протеини
Од кога се префрли од веганизам во вегетаријанство, Лиу ги врати јајцата во својата исхрана по предлог на нејзиниот акупунктурист. Таа одлука и олесни да дизајнира оброци што таа и нејзиниот петгодишен син Роквел можат да ги делат.
3. Нејзините тренинзи се кратки (но слатки)
Ако мислевте дека поминува часови и часови во теретана, не сте во право. Наместо тоа, таа се потпира на пократки тренинзи за да го одржи своето тело силно и здраво. Дома, Лиу прави 20-минутни вежби на велосипед и 10-минутни вежби за силата на рацете, пренесува Eat This, Not That.
4. Прифатила здрав став кон своето тело
Ѕвездата истакнува колку е благодарна што научила како да го цени своето тело.
„Не мора да имате 20 години за да облечете костим за капење“, вели Лиу. „Со сите недостатоци и сè што вашето тело доживува во животот, тоа е нешто во што треба да бидете сигурни“.