Пациентот кој имаше само 25 години, а денес влезе во црната листа на смртни случаи како последица од Ковид 19, имал хронично заболување. Министерството за здравство, одговори дека пациентот имал хронично заболување и починал во приватната болница „Систина“, пренесе Фокус.
„Пациентот е пријавен од болницата „Систина“, пацинетот имал хронично заболување“, се вели во одговорот на Министерството за здравство без да наведат какво заболување имал.
Инаку за потсетување, во дневниот биланс денес се регистрирани 33 починати,меѓу кои е и починато лице на возраст од 40 години од Тетово и 49-годишно лице од Битола.
Според најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 5 до 11 април е регистрирано намалување од 13,4 проценти на бројот на заразени во однос на претходната недела, но се регистрира зголемување на починатите лица од околу 6 проценти. Во овој период пријавени се 276 смртни случаи од 29 градови. Во однос на возраста, 238 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 8 лица од возрасната група од 40-49 години и 3 лица на возраст од 30-39 години.