Денеска започнува вакцинацијатана лицата под 75 години во А1 Арената „Борис Трајковски”
– Од вакцината „Спутник“, на крајот на денов ќе останат околу 2.500, кажувам приближни бројки, на кои ќе надополниме 2.000 вакцини на „АстраЗенека“, остатокот од 24.000, бидејќи 22.000 се веќе распределени. И плус 1.000 кинески вакцини кои стигнаа како донација од Обединетите Арапски Емирати. Тоа е отприлика за вкупната бројка на граѓани до вчера пријавени во Скопје на 73 и 74 години. Како ќе доаѓаат вакцините, така ќе се надополнуваат системите, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Заинтересираните граѓани за вакцинација може да се пријават преку сајтот „vakcinacija.mk”.
Од компанијата Фајзер преку директен договор на 19 и 26 април треба да стигнат по 10.000 дози.Исто така, се очекува и информација од Руската амбасада за дополнителни количини на вакцината Спутник, а до крајот на месецов би требало да пристигнат 76.000 дози на Астрааенека, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 144.111, бројката на оздравени пациенти е 119.683, на починати е 4.322, а бројот на активни случаи изнесува 20.106.