Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе ја прими вакцината АстраЗенека против коронавирус.
Според информациите на германскиот дневен весник „Велт“, политичарката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ќе се вакцинира со вакцината АстраЗенека, со цел да се зголеми довербата во таа Оксфордска вакцина низ целата Европска унија.
Канцеларката Меркел има повеќе од 60 години и со тоа спаѓа во групата на оние кои ги исполнуваат условите за вакцинација со вакцината АстраЗенека во Германија.
Во Германија денеска се регистрирани 29.426 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст од 8 јануари. Седумдневниот просек на заразени на 100.000 жители порасна на 160,1, поради што шефот на институтот за заразни болести „Роберт Кох“, Лотар Вилер, повика да се воведат драстични рестриктивни мерки.