Првиот вицепремиер и министер за полиитчки систем Артан Груби денес информираше дека половина од рамковните административци кои седеа дома и земаа плата без да работат се на работните места.
„До сега веќе 650 луѓе се започнати со работа и се на нивните работни задачи секојднеvnо. Околу 500 други се во тек на реализација, посебно тие 140 кои во МВР коишто треба да минат низ безбедносна процедура, па потоа да започнат, изјави Груби, кој додаде дека уште 100 други треба да започнат деновиве да работа во УЈП.
Според првиот вицепремиер, коментари на прераспределбата имало во „не повеќе од четири или пет“ од вкупно 250 институции коишто преземаат административци според планот К5.
„Има некои несреќни изјави на челници на државни институции, но мислам дека и тие ќе се решат. Значи, нема отпор за примање на К5-административци туку има барање за адимистративци кои ги исполнуваат потребите на институциите, а тие претежно бараат правници и економисти“, вели тој.
Севкупно станува збор за 1.349 вработени по рамковен кои со години седеа дома и земаа државна плата без да работат.