Патиките на Канје Вест најскапи во светот?

од Vladimir Zorba

Првите патики на брендот Yeezy што Канје Вест ги носеше на јавно место, се продаваат за повеќе од милион долари.

Поточно, станува збор за моделот Air Yeezy на Nike, кој американскиот рапер ги носеше на Греми наградите во 2008 година, и кој ќе биде меѓу најскапите патики што некогаш се појавиле на пазарот, соопшти аукциската куќа „Sotheby’s“, која ја организира продажбата.

Опишани во соопштението за печат како „едни од најценетите и најбараните“, патиките ќе бидат понудени преку приватна продажба откако ќе бидат претставени во Хонг Конг подоцна овој месец. „Sotheby’s“ не ја прецизираше бараната цена, иако изјавија дека предметот го проценил на „повеќе од милион долари“.

Нема познат рекорд во продажба на приватни патики, а сепак цената од седум цифри би ја надминала бројката од 615.000 американски долари – толку чинеа во „Christie’s“ во мај 2020 година патиките на Nike Air Jordan 1, носени од Мајкл Џордан во 1985 година пишува Си-Ен-Ен.

Ставени на пазарот од колекционерот на патики Рајан Ченг, Yeezy доаѓа во големина 12.

Според Брахм Вахтер, задолжен во „Sotheby’s“ за улична облека и модни колекционерски производи, проценката на вредноста на патиките произлегува од културното влијание на брендот.

„Овој пар патики е клучен за развојот на франшизата Yeezy, која стана една од најважните марки за патики и начин на живот во историјата на светот на модата“, рече тој.

Слични содржини