Бред Пит е сè уште среде тешка бракоразводна парница со Анџелина Џоли, а исто така решава и здравствени проблеми. Тој ги загрижи обожавателите откако беше фотографиран во инвалидска количка на Беверли Хилс.
Бред беше едвај препознатлив во лежерно, спортско издание со качулка над главата, очила за сонце и маска за лице.
Според Page Six, Пит морал да реши проблем со кој се соочуваат многу луѓе. Имено, актерот бил на вадење на умниците, што се одвивало под анестезија. По операцијата, здравствен работник го пренел со инвалидска количка до автомобилот.
Како што неодамна беше откриено, Бред, заедно со Харисон Форд, Хали Бери и Рис Витерспун и уште неколку други, ќе биде водител на Оскарите на 25 април, па пред тоа сакал да го реши својот здравствен проблем.