МЗ до ВМРО-ДПМНЕ: Во време на полициски час и затворени објекти, одбирате да правите партиски собири и да ги кршите мерките

од Nikola Popovski
160 прегледи

Министерството за здравство се јави со реакција за закажаниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред институцијата во сабота.

„Во време на полициски час и затворени објекти, како би спречиле вирусот Ковид-19, да се шири, ВМРО – ДПМНЕ одбира да прави партиски собири и да ги крши мерките по којзнае кој пат. Грижата кон граѓаните погодени од ковид кризата, опозициската ВМРО – ДПМНЕ, ја покажа и докажа синоќа во Собранието. ВМРО – ДПМНЕ одбира да биде на страната на манипулациите, лагата, смислени сценарија за наводни криминали провизии. Министерството за здравство жали што опозициската партија одбива да искористи ефикасен и конструктивен демократски механизам туку единствено што прави ја опструира работата на здравствените работници кои се на правата борбена линија на ковид пандемијата“, велат од МЗ.

ВМРО-ДПМНЕ утре во 11 и 30 часот ќе протестира пред Министерството за здравство. Од партијата најавија дека на протестот ќе побараат оставка на министерот Венко Филипче.

„Филипче и Заев се одговорни за 4.357 жртви од корона. Додека целиот свет беше во потрага по вакцини, Заев и Филипче беа во потрага по провизии за кинески вакцини. Денес овие луѓе што умираат немаше да починат, доколку Заев и Филипче не возеа мотори туку обезбедеа вакцини“, се вели во најавата за протестот.

Слични содржини