Полицијата во американската држава Џорџија објави видео во кое се прикажани деталите од пукањето што се случи оваа недела, кога тројца полицајци беа повредени откако напаѓач пукаше кон нив од калашников за време на потера.
Локалниот медиум „11 Alive“ објавија дека видеото, објавено од канцеларијата на шерифот во округот Керол, започнува од моментот кога полицајците го запреле автомобилот што се движел со 170 километри на час на меѓудржавен пат, објави весникот „Хил“.
Автомобилот им побегнал на полицајците кои го запреле, а патникот од автомобилот отворил оган кон еден полицаец, му го онеспособил патролниот автомобил и го повредил.
Потрагата продолжила, а други двајца полицајци беа повредени, вклучително и еден припадник на редот кој ја повреди главата кога неговиот автомобил удри во препрека.
Тој бил пренесен со хеликоптер во блиската болница и закрепнувањето тече добро.
Еден осомничен е убиен на самото место, Пјер Александар Шелтон (28), додека неговиот братучед Арон Хахуан Шелтон (22) е уапсен и однесен неповреден во станица.