610
Принцот Вилијам и принцот Хари нема да одат еден до друг во сабота додека го следат ковчегот на нивниот дедо принцот Филип до црквата, пренесуваат светските медиуми.
Ова, пишува „Асошиејтед Прес“, ги намалува шансите за „непријатна“ ситуација што може да се појави меѓу браќата кои се во „затегнати“ односи по одлуката на Хари да се повлече од кралските должности минатата година.
Бакингемската палата денес објави дека братучедот на Вилијам и Хари, Питер Филипс, ќе оди меѓу принцовите додека го следат ковчегот до капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор, западно од Лондон, пренесе АП.
Принцот Чарлс, престолонаследникот и татко на принцовите, заедно со неговата сестра принцезата Ана, ќе ја предводат поворката од 15 члена.