255
„Притисокот во болниците е намален, има слободни кревети“, изјави на прес-конференција денеска министерот за здравство, Венко Филипче од пред А1 арената „Борис Трајковски“.
Според него, досега со АстраЗенека се вакцинирани околу 13.000 лица, а вкупно до вчерашниот ден, бројката на имунизирани изнесува околу 35.000 граѓани.
„Во понеделник пристигнуваат вакцините Фајзер со авионски превоз до аеродромот во Софија, а потоа во попладневните часови со ладен ланец ќе дојдат во нашата земја“, вели Филипче.