Водечките европски институции, Советот на ЕУ, Европската комисија и Службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС) не сакаа да коментираат или да го потврдат постоењето на нон-пејпрот, наводно доставен до Брисел од словенечкиот премиер Јанез Јанша, со кој се предлага прецртување на границите на Балканот.
На прашањето на бриселскиот портал ЕУРАКТИВ дали таков документ стигнал до канцеларијата на Мишел, преку официјални или неофицијални канали, портпаролот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, одговори: „Не можам да дадам никаков коментар“.
Европската комисија и службата за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕЕАС, предводени од Жозеп Борел, рекоа дека не знаат ништо за наводниот документ за прекројување на балканските граници.
„ЕЕАС не го прими, ниту знае ништо за неговата содржина, освен она што беше објавено од медиумите“, изјави за ЕУРАКТИВ главниот портпарол на ЕУ, Питер Стано.
Наводниот нон-пејпер на Јанша предвидува обединување на Косово и Албанија, припојување на делови од Република Српска кон Србија и хрватските кантони во БиХ кон Хрватска, како начин за решавање на отворените прашања на Западен Балкан и забрзување на патот кон ЕУ и НАТО.