Заев: Имаме усогласен договор за законските решенија за стекнување државјанство

од Andreja Salpe
350 прегледи

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, се сретнаа со претседателите на опозициските албански партии, Зијадин Села и Африм Гаши, како и со пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците, при што постигнаа договор на денешната средба, околу измените во Законот за државјанство, но детали ќе се соопштат откато ќе се стави на хартија предлогот со точни информации.

Целта на состанокот беше доусогласување на предложените решенија и ставовите во однос на донесувањето на законските одредби за стекнување државјанство утврдени на претходната средба. Во изјавата после средбата премиерот Заев истакна дека е усогласен договор за законските решенија и нагласи дека деталите ќе бидат соопштени откако ќе бидат ставени на хартија правните формулации на договорените решенија.

„Веднаш ќе се работи на законското решение и верувам дека најбрзо што е можно кога ќе го имаме на хартија за да го видиме, да го потврдиме, а потоа и да ги споделиме со јавноста сите детали. Исклучително и само од аспект на внимателност. Се договоривме да соопштиме дека има договор”, рече премиерот Заев во изјавата по средбата.

Тој додаде дека откако решенијата ќе бидат ставени во правна законска рамка ќе бидат информирани и другите претставниците на коалицијата на мнозинството и на опозицијата во Парламентот.

„Мислам дека се сега само денови во прашање”, рече премиерот Заев во изјавата за медиумите по средбата на владината делегација со претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, како и со пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците.

 

Слични содржини