Стотици илјади бремени жени во Велика Британија добија зелено светло за примање на вакцината.
На сите бремени жени ќе им биде понуден „Фајзер“ или „Модерена“ врз основа на нивната возраст и здравствена состојба, откако податоците од САД покажаа дека околу 90.000 бремени жени биле вакцинирани без никакви последици.
Бремените жени, на кои претходно им беше препорачано да не земаат вакцина поради недостаток на податоци за влијанието, ќе можат да се вакцинираат во која било фаза од бременоста.
Новите упатства наведуваат дека жените кои се обидуваат да забременат, неодамна родиле или дојат може да се вакцинираат, во зависност од нивната возраст и групата на клинички ризик.
„Немаше посебна загриженост за безбедноста на која било марка вакцина Ковид-19 во врска со бременоста“, рече професорот Веи Шен Лим.