„Извини, мамо, сè уште не те закопав“: Италија повеќе не може да се справи со пренатрупаните мртовечници

од Nikola Popovski
312 прегледи

Работниците на римските гробишта протестирале затоа што повеќе не можат да се справат со преполните мртовечници.

Тие ја обвинуваат владата дека не е во состојба да управува со пандемијата на коронавирус.

Директорите на гробиштата велат дека само во римскиот крематориум се акумулирани 2.000 тела, а неговиот капацитет е 50 на ден, додека другите гробишта се преполни, пренесува „Индекс.хр“.

Некои тела се во фрижидери од почетокот на годината, рекле тие.

„Секој ден пријавуваат дека повеќе немаат простор за нови починати“

„Секој втор ден, ни јавуваат дека гробиштата се блокирани и дека нема повеќе места за нови мртви“, рекол Џовани Кациоли, претседател на професионалното здружение.

Градската компанија за погреби, АМА, на почетокот на неделава соопштила дека се соочува со невидена ситуација и прави сè што може за да се обезбедат дополнителни 60.000 гробници.

Според податоците, од октомври 2020 година до март 2021 година. имало 4.763 повеќе смртни случаи отколку во истиот период 2019/2020 година, а негативниот тренд продолжил и во април.

„Извинете, но не ни дозволуваат да ги погребаме вашите најблиски“

Во Италија досега починале 116.000 луѓе од Ковид-19. Повеќето од нив се наоѓаат на северот на земјата, но во последно време има сè повеќе смртни случаи во централна и јужна Италија.

Демонстрантите во петокот положија венци пред Храмот Херкул, во близина на градската катедрала.

„Жал ми е, но тие не дозволуваат да ги погребаме вашите најблиски“, стоело на еден од венците.

На почетокот на оваа недела, еден Римјанец објави постери во градот во кои се извинувал на својата мајка, која починала во март, но нејзиното тело сè уште е во фрижидер.

„Извини, мамо, сè уште не те закопав“, пишува на постерот.

Опозициските политичари велат дека ситуацијата можела да се избегне доколку градските власти во 2017 година ги слушнеле предупредувањата дека крематориумот треба да се модернизира и прошири.

Слични содржини