Вечерва се прави втората трансплатација на срце во историјата на земјава

од Nikola Popovski
444 прегледи

„Петок на полноќ се прави подготовка за втора трансплантација на срце во историјата на нашата земја“, вака објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој на Фејсбук сподели фотографија, со што ги претстави дел од колегите на Кардиохирургија кои се дежурни вечерва.

„Им посакувам многу успех на сите, да им држиме среќа“, напиша Филипче.

Министерот вчера изјави дека починала млада пациентка и добиле согласност од нејзините родители за донирање органи.

– Веројатно имаме потенцијал за уште една трансплантација. Денеска за жал кај нас има млада почината пациентка, има согласност за донација на органи од семејството и сега се прават проверки и во однос ХЛА типизацијата за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти во текот на денешниот ден се ќе се заврши, рече Филипче.

Слични содржини