ПОРАНЕШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ ВАКЦИНИРАН ПРЕКУ РЕД, изречена му е строга казна

од Stefanija Kuzmanovska
430 прегледи

Со едногласна одлука на Конгресот на Перу, поранешниот претседател на таа земја, Мартин Визкара, доби забрана за вршење јавни функции во следните 10 години затоа што, наводно, преку ред ја примил вакцината против ковид-19.

Визкара беше прогласен за виновен за злоупотреба на службената положба, тајни договори и давање лажни изјави во скандалот во кој се откри дека голем број министри и други функционери примале вакцини Синофарм пред тие да бидат јавно достапни во земјата, пренесува „Ројтерс“.

Конгресот исто така го казни поранешниот министер за здравство Пилар Мазети со забрана за вршење јавни функции во следните осум години, а поранешната министерка за надворешни работи Елизабет Астет на една година.

Слични содржини