„Фејсбук“ ја одложи одлуката за реактивирање на профилот на Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Надзорниот одбор на компанијата „Фејсбук“ ја одложи одлуката во врска со можното повторно активирање на профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на мрежите Фејсбук и Инстаграм.

Надзорниот одбор на „Фејсбук“ објави дека доцнењето се должи на детален преглед на над 9.000 јавни соопштенија.

Одлуката првично требаше да биде донесена до 21 април, но одборот објави во соопштение објавено на Твитер дека ќе го даде последниот збор во наредните недели.

Ова тело на „Фејсбук“, кое се состои од 20 члена, а кое е основано од првиот човек на компанијата, Марк Цукерберг, често се нарекува „Врховен суд на Фејсбук“, објави „Танјуг“.

На Доналд Трамп му беше забранет пристап до Фејсбук во јануари по немирите на Капитол Хил во Вашингтон и неговите најави за време на тие драматични настани.

Слични содржини