Во изминатите 24 часа 49 лица починаа од ефекти на коронавирус во Босна и Херцеговина, а меѓу 3.537 тестирани примероци, регистрирани се нови 1.302 случаи на инфекција, објавија тамошните здравствени власти.
Во изминатите 24 часа, 2.402 примероци беа пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ, од кои 944 биле позитивни на коронавирус. Досега се тестирани вкупно 598.751 примерок, а коронавирус е потврден кај 125.244 лица, а во изминатите 24 часа, пријавени се 21 смртни случаи до Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ, досега вкупно 4.471 .
Од последниот извештај за епидемиолошката состојба во Република Српска, во изминатите 24 часа биле тестирани 1.044 примероци, а коронавирусот е потврден кај 302 лица.
Досега се потврдени 59.167 случаи на вирус во Република Српска, а вкупно починале 3.105 заболени лица.