Протече дизајнот на новиот Ајфон 13: Пристигнуваат масивни камери

од Nikola Popovski
719 прегледи

Популарниот јутјубер Филип Корој во новото видео откри дека протекол дизајнот на Ајфон 13 и Ајфон 13 Pro. Дизајнот покажува дека компанијата „Епл“ воведува нови огромни камери во моделите на телефоните.

„Епл“ прави неколку значајни промени во дизајнот со овие модели, но сега знаеме една безбедна и голема надградба на Ајфон

Корој во видеото рече дека камерата на Ајфон 13 Про има објектиб од 3,41 мм, и е за 4,81 мм поширока од претходните модели.

Јутјуберот исто така потврдува дека има нов дијагонален распоред на камерите. Измените го означуваат почетокот на новиот тренд на паметни телефони.

Отсега натаму, СИМ-картичката ќе биде интегрирана во логичката плочка, со цел да заштеди простор, додека копчињата за јачина на звук и прекинувачот за напојување „мигрирале на север за 3 милиметри“.

Новите модели на Ајфон 13 ќе бидат скоро идентични по големина со нивните претходници, но старите куќишта нема да се вклопат поради големината на камерата.

Иако се најавени многу измени, несомнено е дека масивните нови камери ќе бидат главна тема на разговор.

Добрата вест е дека нема да чекаме долго за да ги видиме и испробаме новите модели, бидејќи „Епл“ наскоро ќе ги претстави пред светот.

Слични содржини