Тестовите за антитела ќе бидат на товар на Фондот, но не секој ќе може да ги прави

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот, но ќе бидат потребни одредени критериуми и нема да може тоа да го прави секој.

– Разговарав со директорот на Институтот и заклучивме дека, сепак, има индикации да се прават испитувања за антитела. Се договоривме, да се врати повторно одлуката да се прават тие испитувања на антитела на товар на Фондот во Институтот за биохемија, но под одредени критериуми, да не биде дека кој било може да го направи тоа испитување оти финансискиот товар е многу голем, истакна министерот.

Слични содржини