Меси влезе во историјата на Кралскиот куп, никој не го сторил ова 119 години!

од Stefanija Kuzmanovska
330 прегледи

Со четири гола за 12 минути, играчите на Барселона во саботата вечерта го победија Атлетик Билбао во финалето на Кралскиот куп (4:0) и со тоа стигнаа до првиот трофеј во сезоната!

И, два од тие четири гола ги постигна Аргентинецот Лионел Меси, кој по оној во 68 минута за водство од 3:0, влезе во историјата на ова натпреварување како прв играч што ја затресол мрежата во седум различни финалиња во последните 119 години.

Меси реализираше вистинска мала магија во таа 68-ма минута, а при соло-пробивот, Френки де Јонг, кој исто така беше еден од хероите, му помогна на асистенција.

Холанѓанецот најпрво му асистираше на Гризман за водство во 60. минута, а потоа три минути подоцна го удвои водството. Конечниот резултат го постави Меси во 72-та минута.

Барса сега има 31 освоен трофеј во Купот, додека Билбао останува на 23. Интересно, тимот од Баскија загуби уште едно финале во Купот пред две недели – одложеното од 2020 година против Сосиедад.

Слични содржини