Израел и Грција го потпишаа најголемиот договор во секторот на одбраната

од Stefanija Kuzmanovska
330 прегледи

Израел и Грција го потпишаа досега најголемиот договор во одбранбениот сектор, за кој Израел најави дека ќе ги зајакне политичките и економските врски меѓу двете земји.

Договорот вклучува договор вреден 1,65 милијарди долари за основање и работење на центар за обука на припадници на грчкото воено воздухопловство од страна на израелската компанија за одбрана „Elbit Sistems“, во период од 22 години, соопшти израелското Министерство за одбрана, пренесува „Ројтерс“.

Центарот за обука ќе биде направен по примерот на Израелската академија за летови и ќе биде опремен со 10 авиони за обука М-346, произведени од италијанската компанија „Леонардо“, наведува израелското министерство.

„Elbit“ ќе испорача комплети за надградба и управување на грчките авиони Т-6 и исто така ќе обезбеди обука, симулатори и логистичка поддршка, јави „Танјуг“.

Слични содржини