Заев: Со згрозување ја примив информацијата дека за Мицкоски овој чин бил тероризам

од Andreja Salpe
613 прегледи

Денеска, премиерот Зоран Заев преку фејсбук упати честитка до граѓаните, откако Собранието ги усвои законите со кои ќе се реализира петтиот пакет економски мерки.

Мерките се за исплата на плати за работниците за месеците февруари и март, за финансиска помош за самостојните вршители на дејност, како и за ослободувања од плаќање аконтации на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2021 година.

,,Со згрозување ја примив информацијата дека за Христијан Мицкоски овој чин бил тероризам. Мицкоски се дрзна гласањето помош за граѓаните да го нарече тероризам, а за крволочниот напад на Собранието на 27 април во кој и тој беше дел, сѐ уште не нашол начин и волја да го осуди.

Очигледно е дека ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, ваквото безобразно блокирање на народната волја во Собранието е директно мотивирано и предизвикано од Мицкоски.

Мицкоски и неговиот соработник Апасиев правеа сѐ да си ја задоволат пустата желба да предизвикаат проблем во владејачкото мнозинство, при тоа решени да одат до крај дури по цена на загрозување на личната економска егзистенција на илјадници граѓани кои ја чекаат помошта.” – напиша Заев

Слични содржини