673
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски со скафандер се прошета низ градот.
Тој на улица беше „случајно“ пресретнат од Александар Митовски од порталот близок до опозициската партија, „Инфомакс“, каде направија мини „интервју“.
На прашањето дали е во Македонија, Стоилковски вели „веќе не знам каде сум…“
Posted by Naum Stoilkovski on Sunday, April 18, 2021
Стоилковски на овој начин го искажува својот револт поради денешното присуство на пратеници заболени од Ковид-19 во Собранието.
Тие обезбедија кворум за да се изгласаат пакет мерките за помош на граѓаните и стопанството погодени од пандемијата, процес кој неговата партија го кочеше неколку месеци.