Тешко повреден пешак во сообраќајка во Тетово

од Берта Китинска
246 прегледи

Вчера во 18.30 часот било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“, со косовски национални ознаки, управувано од Е.М.(24) од Тетово, удрило во пешакот И.Г.(39) од с.Блаце, информираат од МВР.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Слични содржини