374
Комисијата за заразни болести, препорачала досегашните рестриктивни мерки да бидат продолжени уште една недела, потврдиле од Комисијата за МИА.
Тоа значи дека полицискиот час и во текот на оваа недела ќе почнува во 20 часот, а угостителските објекти ќе бидат затворени. Со последните рестрикции, воведена беше забрана и за работа на сите обложувалници, како и сали наменети за вежбање, а се забрани и организирањето на секаков вид семинари и конференции.
Исто така, од претходно на сила е и забраната за групирање на повеќе од четири лица.
Препораката ја разгледал и кризниот штаб, а утре на седница ќе ја разгледа и Владата, по што ќе донесе одлука.