314
По седум месеци калкулации, конечно изборот на обвинителите дојде на дневен ред, и тоа пет обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и пет обвинители во Вишото обвинителство.
За место во Организиран во конкуренција се 14 обвинители, а за во Вишо дури 34.
За засилување на тимот на Вилма Русковска во игра е половина од тимот на Катица Јанева, односно пријави поднесоа обвинителите од поранешното СЈО: Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Трајче Пеливанов, Елизабета Јосифовска, Љубомир Лапе и Артан Ајро.