Од утре во МСУ ќе биде отворена изложбата „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“

од Andreja Salpe
488 прегледи

Од утре, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена за посетители, изложбата со наслов „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“ поместена во горниот простор од музејот.

Кураторка на изложбата е Марика Бочварова Плавевска, а кустос – соработник е Благоја Варошанец.

Идејата на ова проектно размислување, како дел од серијата проблемски изложби е да ги открие и зближи преодните предизвикувачки преобразби, делумно започнати во 60-те години, акцентирани преку 70-те години и на некој начин вклопени во 80-те години. Продолжетокот на ваквите размислувања се битни и за 90-те години, бидејќи самата промоција на промените ја актуализираше возбудливата и транспарентна ликовна сцена кај нас“, вели Бочварова.

Слични содржини