320
Пет лица се повредени денеска во џамија во центарот на Тирана, а напаѓачот, кој ги нападна со остро ладно оружје, беше уапсен, соопшти полицијата.
Нападот, како што е наведено, се случил околу 14:30 часот по локално време, на улицата Каваја.
Напаѓачот е 34-годишен маж, кој според изјавите на сведоците, не е чест посетител на џамијата, а се претпоставува дека има и ментално нарушување, пренесува порталот „Егзит“.
Повредените лица на возраст од 22 до 35 години биле пренесени во болницата, а покрената е и истрага.