Денес владејачката Комунистичка партија на Куба го избра претседателот Мигел Дијаз Канел за наследник на Раул Кастро на местото на прв секретар на партијата, за време на последниот ден од конгресот на партијата, објави кубанската државна новинска агенција Prensa Latina.
Тоа е најмоќната позиција на Куба, пренесе „Ројтерс“.
Промената на чело на партијата означува крај на владеењето на браќата Фидел и Раул Кастро, кое траеше шест децении, и преминот кон помладо раководство, наведува агенцијата.