221
Светската здравствена организација (СЗО) ја продолжи глобалната здравствена состојба во врска со пандемијата КОВИД-19 за уште три месеци, соопшти во понеделникот Комитетот за итни случаи на СЗО.
Комитетот се согласи дека пандемијата КОВИД-19 останува вонредна здравствена состојба од меѓународно значење и му понуди совети на генералниот директор, се вели во соопштението.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус на брифинг рече дека светот има начини да ја стави под контрола глобалната пандемија во следните месеци, пренесе Ројтерс.
„Имаме начини да ја ставиме оваа пандемија под контрола за неколку месеци, ако ги спроведеме доследно и правично“, рече Тедрос.