Експремиерот Никола Груевски кој се наоѓа во бегство во главниот град на Унгарија, на социјалните мрежи по повод запленувањето на имот од страна на Јавното обвинителство за случајот „Плацеви на Водно“ напиша дека плацевите воопшто не се негови, односно станува збор за имот кој како што вели, никогаш не го купил, ниту пак бил на нечие друго име, а во негова сопственост.
Тој тврди дека за овој случај ќе се поднесе обвинение спротивно на законите бидејќи тој никогаш не дал исказ во Обвинителството согласно законите.
-Денес дознав дека деновиве ОЈО објавиле дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана кои ги бев изнајмил, а дел од нивните апологети во медиумите тоа го објавиле како сигурна информација.