Торпедниот бомбардер „ТБМ Авенџер“, кој влегол во функција прв пат во Втората светска војна, учествуваше во воздушниот митинг „Коко Бич“.
Меѓутоа, за време на еден од летовите, пилотот забележал проблем со моторот, па се обидел да стигне до блиската воздушна база „Патрик Спејс“.
Кога видел дека тоа е невозможно, тој одлучил да се спушти на плажата каде што луѓето зачудено и со страв гледале што се случува.
Пилотот успеал да го насочи кон делот од плиткото каде што немало луѓе и безбедно слетал на површината.
Certainly not ideal, but if you have to crash, this is about as good as it gets. Kudos to the pilot on a textbook ditch. #avgeek pic.twitter.com/Vv3dhhnHPz
— Maz Jovanovich (@maz_jovanovich) April 18, 2021
За среќа, пилотот поминал без повреди, но авионот-ветеран ќе мора да претрпи долга поправка.
– Жално е да се види како ТБМ Авенџер паѓа во вода, но пилотот направи паметна работа кога виде дека има механички проблеми. Авенџер летал само една година по 18-годишна реставрација – напишале од Американскиот поморски институт