Вонредно на „Енфилд“: Ливерпул ги откажа сите состаноци во клубот, ќе се дискутира само за Суперлигата

од Nikola Popovski
316 прегледи

После ремито со тимот на Лидс, фудбалскиот клуб Ливерпул организира состанок посветен на учеството во Европската Суперлига.

Ливерпул е првиот тим од 12 основачи што одиграл натпревар откако беше објавено дека ќе се воспостави ново натпреварување, а противник му беше Лидс.

Во вчерашниот непријатен ден што ги снајде Ливерпул и Енфилд, покажа дека навивачите, па дури и фудбалерите, но и Јирген Клоп се против учеството во Суперлигата.

Капитенот на тимот, во отсуство на Џордан Хендерсон, Џејмс Милнер, изјави дека е против играњето во Суперлигата.

Исто така, тренерот на тимот, Јирген Клоп индиректно призна дека се уште е против Суперлигата, како што беше пред две години.

Навивачите на англискиот клуб исто така имаа свое „шоу“ во текот на денот, најпрво најавувајќи дека ќе ги отстранат сите знамиња и транспаренти од трибините, а потоа закачија транспарент пред стадионот на кој пишуваше „Ливерпул, почивај во мир“.

И приказната наскоро би можела да го добие својот епилог. Имено, Бил Хоган, функционер во клубот, најавил средба пред натпреварот со Лидс, бидејќи, како што рече, луѓето имаат погрешен став кон ова натпреварување и дека сето ова е дел од многу поголем проект.

– Знаеме дека оваа одлука кај сите разбуди силни чувства, но веруваме дека оваа одлука е одлична ако гледаме на сè на долгорочен план.

Според близок извор на клубот, сите состаноци најавени за во вторник биле откажани, бидејќи, како што велат од врвот, не очекувале толку критики кон Суперлигата. Повеќе информации за понатамошните настани ќе бидат објавени наскоро, наведува Ливерпул Ехо.

Со ова реми, фудбалерите на Ливерпул се оддалечија од четвртото место што води во Лигата на шампионите следната сезона, доколку не успее нивната приказна со Европската Суперлига.

 

Слични содржини