413
Денеска е 75-от роденден на Драмскиот театар, кој за жал во вакви услови нема да може да го прослави онака како што му доликува.
,,Со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, ние работиме и чекаме нашата енергија, талент и магија да ги споделиме со оние на кои им е наменет театарот – публиката!75 години овој театар живее и го чува духот на сите големи актерски имиња кои го полнеле храмот на уметноста со смеа, солзи, аплаузи” – стои во соопштението