Дали сте слушнале за правилото 50-30-20? Веројатно не сте, а тоа може многу да ви помогне – и во љубовта и во врска со заштеда на пари.
Иако овие работи изгледаат доста различни и некомпатибилни, тие се поврзани со фактот дека треба да научите како да го распоредите времето и да промените некои навики.
Врски
Логично, секогаш кога не можеме да го исполниме ветувањето кое сме го дале, или сме заборавиле на нечиј роденден, ќе се обидеме да се извлечеме на работните обврски, заморот и слично.
Секој сака фазата на меден месец во врска или брак да трае што е можно подолго, но за да го направите тоа треба да вложите малку труд.
Експертот за врски Венди Атинабери изјавува дека е многу важно да имате време за вашиот партнер, но и за себе. Затоа тој го предлага правилото „50-30-20“.
А тоа значи: 50 проценти од времето треба да се издвојат за вашиот партнер и вашата врска, 30 проценти за пријателите и роднините и 20 проценти за себе. Атенбери тврди дека оваа формула ќе обезбеди здрава и успешна врска од која сите ќе бидат задоволни.
И како што вели таа, одеднаш веќе немате изговор да не излегувате на пијачка со пријателите или на нечив роденден.
Важноста на времето посветено на врската и партнерот не треба да се потценува, бидејќи тоа ќе овозможи вашиот сексуален живот да биде уште подобар.
Финансии
Интересно е и тоа што правилото „50-30-20“ може да се користи и при финансиско планирање.
Принципот е следен: искористете 50 проценти од вашиот месечен буџет за плаќање кирија, сметки, храна и превоз.
Одвојте 30 проценти од парите за патувања, хоби, облека, излегување.
И издвојте 20 проценти од парите за вашиот црн фонд. Обидете се да ги направите овие пари „недопирливи“ и обидете се да не бидете во искушение да ги користите предвреме. Иако се чини нереално да одвоите пари во време на општа криза, вашите напори ќе се исплатат на долг рок.