Еднострано раскинат Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина во с.Долно Коњаре

од Vladimir Zorba
230 прегледи

На предлог на Министерството за економија Владата донесе одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот „с.Долно Коњаре”, Oпштина Петровец.

Врз основа на извршениот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина со кој е утврдено дека концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина утврдени со прописите од областа на животната средина, односно експлоатацијата на минералната суровина е вршена надвор од крајбрежниот појас во широчина од 50 метри зад линијата на допирање на педесетгодишната вода кај нерегулираниот водотек на реката Пчиња.