246
На улицата „Ристо Крле“ во Струга, при расправија со својот сопруг, С.Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите, според информации на СВР Охрид.
Смртта ја констатирала Итната медицинска помош од Струга, а сопругот со иницијали Ј Р. (1982) е повреден. Младиот брачен пар имале и малолетни деца.
Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.