Турција ќе донира униформи за македонската армија

од Nikola Popovski
338 прегледи

Македонската армија доби нови 7.400 комплети гортекс униформи, како донација од Турција.

Денеска, 21 април, во 12.00 часот во касарната „Илинден“, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизкок, ќе присуствуваат на примопредавањето на турската донација за припадниците на Армијата на Северна Македонија од 7.400 комплети гортекс униформи (палто и пантолони).