Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека ковид 19 не е поразен и дека тој останува главната закана.
„Ковид-19 сè уште не е поразен и претставува директна закана, поради што има потреба да се почитуваат неопходните превентивни мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата“, рече рускиот претседател во обраќањето пред Федералното собрание – Државната дума заменици и сенатори на Советот на Федерацијата.
“Можеме да забележиме драматични случувања во многу земји, каде што бројот на случаи расте. Ние мора да ги држиме под контрола сите области со цел да го намалиме ширењето на вирусот, како по должината на нашите граници, така и во рамките на земјата”, истакна рускиот претседател , пренесува Tas s.
Путин ги повика луѓето на Русија да се вакцинираат, велејќи дека „нема друг начин“.
Тој додава дека глобалниот здравствен систем е на работ на револуција, која, според него, Русија не може да ја пропушти.
Осврнувајќи се на претходната година и времето на пандемијата, рускиот претседател рече дека е убеден дека Русија ќе ги надмине сите проблеми.
„Владата и општеството беа одговорни и солидарни“, рече Путин, додавајќи дека руските научници направија голем пробив за време на пандемијата, правејќи три сигурни вакцини против короната.
Според него, пандемијата и нанесе удар на благосостојбата на луѓето и тоа е предизвик за сите земји во светот.
„Најважно е да се обезбеди раст на реалните приходи на руските граѓани и да се постигне напредок во борбата против сиромаштијата“, рече рускиот претседател, а истовремено и нареди на владата да подготви систем за поддршка на семејства со деца.