Израел повеќе не ја сака вакцината АстраЗенека и сега анализира со таа компанија дали може да ја пренасочи нарачаната голема пратка на друго место, изјавил денеска израелскиот координатор за пандемијата, Нахман Аш.
„Се обидуваме да го најдеме најдоброто решение. На крајот на краиштата, не сакаме вакцините да дојдат тука и мора да ги фрлиме во ѓубре“, изјавил Аш за „Арми радио“, истакнувајќи дека потребите на Израел ги задоволуваат другите добавувачи.
Аш рече дека со залихите обезбедени до 2022 година, на Израел повеќе не му требаат 10-те милиони дози што ги договори со АстраЗенека.
„Тие вакцини сигурно можат да се користат на друго место во светот во моментот, а заедно со компанијата се обидуваме да го најдеме најдобриот начин за тоа“, рекол Аш, пренесува Ројтерс.
Во своите коментари, Аш не се осврнал на фактот дека вакцините на Астра Зенека се поврзани со појава на случаи на многу ретки случаи на тромб во Европа.
Многу европски земји продолжија да ја користат вакцината, откако Европската агенција за лекови соопшти дека нејзините придобивки ги надминуваат нејзините ризици.