Светската потрошувачка на вино најниска од 2002 година

од Nikola Popovski
315 прегледи

Светската потрошувачка на вино во 2020 година падна за три проценти во споредба со 2019 година и е на најниско ниво од 2002 година, се вели во извештајот објавен од Меѓународната организација за лозарство и енологија.

„Светската потрошувачка на вино во 2020 година се проценува на 234 милиони хектолитри, што е за три проценти помалку од 2019 година и е најниско ниво на потрошувачка од 2002 година“, се вели во извештајот.

Во исто време, светското производство на вино се зголеми за еден процент во споредба со 2019 година и достигна 260 милиони хектолитри.

Според експертите, падот на потрошувачката на вино беше под влијание на пандемијата „Ковид-19“, што ги принуди властите на разни земји да затворат барови и ресторани и да го ограничат влезот на туристи.

Потрошувачката паднала најмногу во Кина, со 17,4 проценти и во Јужна Африка, со 19,4 проценти.

Падот на површината, производството и потрошувачката на вино во Кина, веројатно ќе сигнализира пад на стапката на брз раст на пазарот на вино, што започна пред 20 години, се вели во извештајот.

Слични содржини