Словенец, Србин, Хрват и Црногорец ја уништија Суперлигата за 48 часа!

од Vladimir Zorba
413 прегледи

Си биле Словенец, Србин, Хрват и Црногорец … Не, ова не е виц. Иако почетокот потсетува на тоа. Четири лица од земјите од поранешна Југославија одиграа клучна улога во рушењето на проектот на Суперлигата на Европа!

Александар Чеферин и Зоран Лаковиќ беа на линијата на фронтот! Претседателот на УЕФА и неговиот најблизок соработник започнаа непосредна офанзива по објавувањето на полноќ на Европската Суперлига. Сите го знаете епилогот – ова натпреварување е „закопано“ за 48 часа.

Што направи Чеферин? Бескомпромисно се закани со најстроги можни санкции. Словенецот го распна Aњели, со една реченица ја откри целата подлост на Италијанците и на тој начин доби многу поени во западните медиуми. Англичаните, кои реално се најмоќни во оваа приказна, целосно застанаа на страната на претседателот на УЕФА и го обележаа како човек кој се бори да го спаси фудбалот!

Улогата на Лаковиќ? Огромна! Зоран е лидер на сите национални федерации на УЕФА (55 од нив), а сите европски федерации издадоа изјави во рок од 24 часа во кои остро го осудуваат овој проект.

Уште две лица од поранешна Југославија се на многу важни позиции во светскиот и европскиот фудбал, а нивното влијание врз сите настани не е занемарливо. Звонимир Бобан е директор на фудбалот во УЕФА, додека Дејан Савичевиќ е претседател на Советот на ФИФА, кој се грижи за зачувување на фудбалот.

И навистина, легендите на Милан успеаја да го спасат фудбалот од истиот тој Милан и 11 слични клубови. Кога Југословени се согласуваат, сè е можно …

Четворицата кои ја уништија Суперлигата:

СЛОВЕНЕЦ

Александар Чеферин

Претседател на УЕФА

СРБИН

Зоран Лаковиќ

Директор на националните федерации на УЕФА

ХРВАТ

Звонимир Бобан

Директор за фудбал на УЕФА

ЦРНОГОРЕЦ

Дејан Савичевиќ

Претставник на УЕФА во Советот на ФИФА за зачувување на фудбалот

Слични содржини