Анџелина Џоли: Дојде до промени во мојата семејна ситуација

од Stefanija Kuzmanovska
413 прегледи

Холивудската актерка Анџелина Џоли веќе неколку години не режира филмови туку се посвети на актерството. Таа исто така објасни зошто ја донела таа одлука.

„Обожавам да режирам, но дојде до промена во мојата семејна ситуација поради што за мене е невозможно да режирам неколку години“, изјави актерката за Entertainment Weekly.

Како што тврди актерката, ѝ требале пократки работни ангажмани за да помине што повеќе време дома. Иако Џоли и Бред Пит се разделени веќе некое време, официјалниот процес на развод сè уште не е завршен.

Наскоро излегува филмот Those Who Wish Me Dead со Анџелина во главната улога.

Наидувала на проблеми додека глумила во филмот. Таа морала да го потисне мајчиниот инстинкт затоа што ликот што го отелотворува има поинаков став кон децата.

„Понекогаш режисерот Тејлор Шеридан ме коригираше, бидејќи моето однесување кон детето беше различно од однесувањето на Хана кон некое дете. Ми требаше некое време да се однесувам лошо, но успеав“, рече Џоли.

Слични содржини