Еден од уапсените на вчерашниот протест за поддршка на Навални во Москва е новинарот и активист Федор Орлов. На социјалните мрежи се појави видео од неговото апсење.
Орлов е дописник на „Sota Vision“ од Москва и е еден од над илјада лица уапсени од руската полиција вчера.
Синоќа беа организирани протести низ Русија за поддршка на осудениот опозиционер Алексеј Навални, кој ја издржува казната во затворска колонија, оддалечена 200 километри од Москва.
Тој започна штрајк со глад пред три недели, бидејќи, како што вели, бил подложен на тортура од затворските чувари. Навални во моментов е во затворската болница, а неговите адвокати тврдат дека не смее да оди на приватен лекар.
Илјадници демонстранти се собраасиноќа во центарот на Москва, на покана од соработниците на Навални. Соработниците на Навални ги повикаа граѓаните да излезат на протести што не ги одобруваат денес, откако викендов беше објавено дека неговата здравствена состојба одеднаш се влошила.
❗️❗️❗️Brutal arrest of Fedor Orlov, activist and correspondent of SotaVision. While this is a horrendous footage, this is just one of the hundreds of arrests made across #Russia today. pic.twitter.com/jH6F1dzfTR
— Belarus Free Theatre (@BFreeTheatre) April 21, 2021