„За жал некако луѓето забораваат и притисокот кој пратениците го имаа. Ние имавме од 4-тиот пакет, три мерки кои што од ноември месец, беа изгласани дури вчера. Тоа се пет месеци. Тоа се пари за стопанството“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи за емисијата „Утрински брифинг“.
Според него, за 8 месеци колку што исплаќаат плати, над 200 компании аплицирале за користење на пакетите мерки.
„Сепак бројката се намалува, затоа што некои компании не ги исплаќаа работниците, па моравме да ги исклучени од помошта. Не можеме да ги исплаќаме директно работниците, затоа што ќе направиме целосна дисторзија на правилата на игра. Државата не е работодавач, ние не сме работодавачи, но можеме да ги казнуваме тие што не даваат плати“, потенцира Битиќи.