165
Министерката за образование Мила Царовска, во интервју за емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, појасни дека дуалното образование ќе им понуди две можности на учениците од средно образование.
-Дуалното образование нуди поинтензивна пракса за учениците во компании кои потпишаа договор за соработки. За првпат во конкурсите тие компании се прикажани со што родителите точно знаат каде нивното дете ќе извршува практичната работа како дел од образовниот процес доколку се запише во одредено средно стручно училиште и дека во таа компанија му се отвора можност за вработување. Со дуалното образование нудиме две можности, вработување по завршување на средното образование или подобра стартна позиција при уписот во високо образование, вели Царовска.