Меган Маркл и синот Арчи разговарале со кралицата пред погребот на принцот Филип, тврди кралскиот извор. Војвотката од Сасекс не отпатувала на погребот, што се одржа во саботата во замокот Виндзор, бидејќи е во напредна бременост.
Но, според изворот, актерката се погрижила претходно да стапи во контакт со кралицата. Војводата од Сасекс се врати дома, во Калифорнија, за да биде со Меган и неговиот мал син по престојот во Велика Британија. Се тврди дека Хари полетал без да го реши конфликтот во кој учествувале неговиот татко принцот Чарлс и братот принцот Вилијам.
За време на погребот, фокусот беше на тоа дали браќата ќе комуницираат, а братучедот Питер Филипс ги раздели во колона зад ковчегот. Хари и Вилијам беа видени како разговараат по церемонијата, а присутна беше и Кејт Мидлтон. За парот се вели дека поминале два часа разговарајќи со принцот Чарлс.